Анализа-мониторинг на локална транспарентност

 Проектот "Градење капацитети за транспарентност на грас рут организациите - Транс рут (Trans Root)" имаше за цел да даде придонес кон зајакнување на учеството на граѓанското општество на локално ниво при креирањето на политики и механизми на донесување одлуки.  Односно,  градење капацитети на 4 граѓански организации за буџетска ефикасност, транспарентност, анти корупција на локално ниво во четири плански региони, Полог, Пелагониски, Североисточен и Скопски како и спроведување на локални активности за транспарентност од ГО кои адресираат актуелни состојби во секој од четирите плански региони.

Анализата е резултат на мониторингот спровед од страна на Транспарентност Македонија и четири граѓански организации, Центар за Ромска заедница -Дром Куманово, Центар за едукација и развој Теарце, Здружение за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција „Профицио“, Скопје и Форум на млади - Битола.  Мониторингот беше спроведен во  периодот од мај 2017 г. до ноември 2017 г. и беше фокусиран на четири плански региони според територијалната поделба на Република Македонија. Овие организации имаа интерес за развој на сопствените капацитети преку примена на знаења и делување на локално ниво за тематските области: (1) буџетска ефикасност, (2) транспарентност и (3) анти корупција на локално ниво.  За потребите на мониторингот беше користен Индексот за локална транспарентност развиен од страна на ТМ, кој овозможи нотирање и утврдување на фискалната транспарентност на локално ниво од страна на локални ГО со цел да се зголемуваат познавањата кај граѓаните како и да се зголеми отчетноста на локалните власти.

Проектот е  поддржан од Цивика Мобилитас.

Инфографици-локална транспарентност

Мониторинг транспарентност на општини

Прирачник за ГО